
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот фејсбук профил, соопшти дека се финализираат галериите – најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид.

Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски за изведувањето на градежните активности.

Македонски


