Skip to main content

ПСЖ ослабен вечерва на „Ноу Камп“

Facebook FC Barcelona

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ги искажа впечатоците за претстојниот натпревар против ПСЖ во второто коло од Лигата на шампионите.

– Играме против најдобриот тим од минатата сезона и тоа е голем предизвик. ПСЖ е многу силен тим. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Мислам дека треба да работиме на нашиот план за игра и на она што сакаме да го направиме, како што е контрола на топката и добро позиционирање. Но, нема да биде лесно бидејќи и тие се добри во тоа. Значи, од првата секунда до последниот свиреж, ќе мора да играме максимално посветено. Ова е Лига на шампиони и нема простор за грешки. Не станува збор само за контрола на топката, туку и за одбрана, изјави Флик.

Натпреварот ќе се вечер со почеток од 21 часот

Поврзани вести