Skip to main content

ПМФЛ: Македонија ЃП го совлада Работнички во битката за опстанок

ФОТО: ФФМ

Во градската пресметка попладнево во Скопје меѓу двата ривали кои се борат за опстанок, Македонија ЃП триумфираше над Работнички со 2-1 во рамки на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Тимот од Ѓорче Петров дојде во водство во 2 минута со голот на Кабаркас, додека на 2-0 зголеми Џангаровски во 63 минута. Пет минути подоцна Муарем го постигна почесниот гол за Работнички.

Со денешниот триумф фудбаслерите на Македонија ЃП ја прекинаа серијата од седум натпревари без победа и ги задржаа шансите за опстанок во лигата.

Македонија ЃП остана на претпоследното, 11 место, но сега заостанува само бод зад Работнички место погоре, а два помалку од Пелистер на 9 место.

На утрешната програма се натпреварите АП Брера – Пелистер и Вардар – Тиквеш, додека 29 прволигашко коло ќе биде комплетирано в понеделник со пресметките меѓу Струга – Силекс и Шкендија – Башкими. 

Поврзани вести