Skip to main content

Навивачите на Црвена звезда не го сакаат овој играч во екипата – не сакаат медиумски циркус

Немања Гудељ ќе остане без договор во Севиља на крајот од оваа сезона. Тимот од Андалузија нема намера да му понуди нов договор на искусниот фудбалер, па 34-годишникот ќе мора да бара нов клуб.

Црвена звезда веќе одлучи да реагира. Генералниот директор Звездан Терзиќ веќе започна преговори со овој играч од средниот ред и му претстави проект за во иднина.

Гудељ би донел многу искуство во тимот во борбата за место во Лигата на шампионите. Сепак, навивачите на црвено-белите не се многу воодушевени од фактот дека се преговара со него. Причината е што Гудељ е зет на пејачката Цеца Ражнатовиќ и оти сето ова би се претворило во медиумски циркус.

Поврзани вести