Skip to main content

Мбапе поткупувал полицајци?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е вклучен во случај во кој полицајци добиле големи суми пари додека ја обезбедувале француската репрезентација.

Според „RMC Sport“, во 2023 година, вкупно 180.300 евра биле префрлени од сметката на фудбалерот на пет полицајци. Четири вработени добиле по 30 илјади евра, а нивниот претпоставен добил 60.300 евра.

Според фудбалерот, тој едноставно сакал да ги награди луѓето кои се грижеле за безбедноста на фудбалерите.

Мбапе е подготвен да соработува со органите за спроведување на законот. 

Истрагата се однесува за случајот од пред две години кога Мбапе за време на приватни патувања во Франција и во Африка бил обезбедуван од полицајците кои биле финансиски наградени

Поврзани вести