Килијан Мбапе верува дека ги надминал сите проблеми со адаптацијата кои произлегоа од неговата преселба од ПСЖ во Реал Мадрид, исто така гарантирајќи дека се е во ред со француската репрезентација и дека очекува да се врати во март.
Откако и се обрати на јавноста со оваа оптимистичка порака, фановите со право се прашуваат – што беше проблемот на почетокот?
-Ако можам да дадам мое мислење… премногу размислував. Можете да видите во натпреварите, тоа беше период на адаптација на тимот. Размислував многу „како да го направам ова, како да се движам, дали да влезам во зоната на Винисиус или на Родриго“… и кога мислиш толку, не играш добро, изјави францускиот репрезентативец.
Мбапе е свесен дека бил мета на големи критики за лошите игри на почетокот на сезоната.
-Многу сум смирен, тоа е нормално. Кога си играч како мене, со сите очекувања поставени пред мене, нормално е луѓето да зборуваат. Но, за мене тоа не е ништо лично, треба да останете смирени и да се фокусирате на вашата игра. Знаев дека можам да ја сменам ситуацијата. Што се смени? Мислам дека е повеќе ментално, ми требаше да си речам „сега треба да направам повеќе, ова не е доволно“. Физички бев во добра форма, но морав да дадам повеќе и бев свесен за тоа. Дојде време се да се промени, бидејќи не дојдов во Мадрид да играм лошо. Тука секогаш треба да играме добро, порача Мбапе.
Што се однесува до француската репрезентација, брилијантниот крилен напаѓач уште еднаш истакна дека едвај чека да се врати во дресот на галските петли.
-Ништо не се случува со репрезентацијата. Франција е таква и не можам да го променам она што се случува таму. Едвај чекам да се вратам во март и да помогнам во квалификациите за Лигата на нации, мојата љубов кон репрезентацијата не е променета. Но, засега размислувам само за Мадрид. Фокусиран сум да го играм мојот најдобар фудбал, истакна поранешниот играч на ПСЖ и Монако