
Манчестер сити вечерва го победи Борнмут со 2:1 на гостински терен во четвртфиналето на ФА Купот.
Победата на „граѓаните“ беше обезбедена со головите на Ерлинг Халанд (49. минута) и Омар Мармуш (63.). Во 14. минута Халанд промаши пенал.
Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Еванилсон во 21. минута.
Претходно полуфинале во ФА Купот обезбедија Астон вила, Кристал Палас и Нотингем Форест.