
Меланија Грозданова една од најперспективните фудбалерки кои Македонија некогаш ги имала моментално престојува во Торино, каде што тренира со Јувентус – еден од најголемите фудбалски клубови во европскиот женски фудбал. Во Италија, се почесто покрај нејзиното име се врзува и надимакот Golden Girl MG7, кој веќе се наметнува како симбол на новата генерација македонски женски фудбал, објави спортскиот портал sportskamreza.mk
Според италијанските новинари, Грозданова оставила силен впечаток на првите тренинзи. Брзината, зрелоста во играта и леснотијата со која постигнува голови се издвојуваат како нејзини главни квалитети, а во клубот владее големо задоволство од прикажаното.
И покрај младата возраст, Меланија делува сосем природно во средина која ја носи тежината на името Јувентус, што дополнително го потврдува нејзиниот огромен потенцијал.
Целиот текст можете да го прочитате тука.

Македонски



