Skip to main content

Конор Бредли го продолжи договорот со Ливерпул

pixabay
pixabay

Конор Бредли го продолжи договорот со Ливерпул, објавија од новиот англиски шампион.

Според лондонски „Тајмс“ договорот на 21-годишниот дефанзивец со тимот од Мерсисајд е за уште четири сезони.

Северноирскиот репрезентативец е во Ливерпул од 2019 година. Бредли сезонава одигра 17 натпревари во англиската Премиер лига, помагајќи му на Ливерпул да ја освои својата 20. титула.

Во претпоследното коло од Премиер лигата, Ливерпул му гостува на Брајтон в понеделник.

Поврзани вести