
Екипата на Шкендија синоќа го совлада Лудогорец со 2-1. Малкумина се свесни за каков тим станува збор и колку тежат финансиски. Газда на тимот од Разград е бизнисменот Кирил Домушиев, кој е еден од најбогатите луѓе во Бугарија. Тој е сопственик на фармацевстката компанија „Huvepharma“ која е водечка во Бугарија.

Во 2003 година, браќата Кирил и Георги Домушчев ја основаа „Адванс Пропертис ООД“, секој со по 50% удел во компанијата. „Адванс Пропертис“ е холдинг компанија, преку која браќата Домушчев ги остваруваат поголемиот дел од своите инвестиции.
Водечките компании во рамките на „Адванс Пропертис ООД“ работат главно во областа на фармацевтската индустрија, поморскиот транспорт, пристанишните операции, градежништвото, недвижностите, медиумите