
Фудбалската репрезентација на Каталонија ја победи Палестина со 2-1 во пријателски натпревар одигран попладнево во Барселона пред 30.000 гледачи.
Исто како и на крајот од минатата недела, кога Палестина одигра натпревар со шпанската покраина Баскија, натпреварот почна со едноминутно молчење за повеќе од 69.000 палестински жртви убиени од израелската армија.
Публиката, со каталонски и палестински знамиња, аплаудираше и ги бодреше двата тима, а натпреварот го емитуваше каталонската јавна телевизија ТВ3.
„Овој натпревар ни значеше многу. Видовме дека многу луѓе ја поддржуваат Палестина. Од фудбалска гледна точка, ова е високо ниво на игра кое ни помага да бидеме подобри“, рече 24-годишниот палестински десен бек Емилио Саба.
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, 18-годишниот Марк Бернал, рече дека ова е посебен ден за него.
„Ова беше посебен ден и за Палестина и Каталонија, па затоа сум среќен што играв“, рече Бернал.
Цената на влезниците изнесуваше од пет до 15 евра, а целиот приход е наменет за Појас Газа.

Македонски








