Skip to main content

Имам немам, имам немам: Во Градскиот парк се разменуваа сликички од Светско

Имам Роналдо,немам Винисус. Давам две од Мексико за еден од Босна.Вакви муабети се слушаа денеска во Градскиот парк каде се случуваше размена на сликички од Светското првенство. Деца, млади, како и луѓе во средни години ги разменуваа сликичките од Панини за Светското првенство. На некого му фали уште некоја сликичка а други пак не се не до половина.

Некои сликичките што им недостасуваат ги имаа запишано на лист хартија, а други пак во апликација. Модерни времиња, но важно е дека оваа традиција од детството не е изумрена.

Поврзани вести