
Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, зборуваше за неговиот однос со поранешниот напаѓач на „Кралевите“, Кристијано Роналдо.
-Тој отсекогаш ми бил пример, пример за мене. Имам среќа затоа што разговараме, тој ми дава совети и ми помага. Роналдо е број еден, репер за Реал Мадрид. Луѓето сè уште сонуваат за Кристијано и зборуваат за него, рече Мбапе во интервју за „Мовистар“.
Оваа сезона, Мбапе одигра 13 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постига 15 гола и две асистенции.
Роналдо за Реал играше од 2009 до 2018 година