
Легендарниот фудбалер на Ливерпул и поранешен селектор на македонската репрезентација, Џон Тошак (77), боледува од деменција, јавија денеска британските медиуми, пренесувајќи изјава на неговиот син Камерон.
Тоа е ужасна болест. Сега станува збор за краткорочна меморија, разговарам со него речиси секој ден и ако разговараме попладне, можеби нема да се сети дека разговаравме наутро. Но, ако го прашам за деновите во Ливерпул, (Реал) Сосиедад и (Реал) Мадрид, деталите се неверојатни“, изјави Камерон Тошак за лондонски „Дејли Меил“.
Пред некој ден ми раскажуваше за натпреварот меѓу Реал Мадрид и Милан на Ариго Саки, и знаеше точно како играше на средината на теренот за да го неутрализира Марко ван Бастен. Како натпреварот да се играл вчера, неговата меморија беше јасна, додаде Тошак, кој е тренер во Тајланд.
Неговиот татко ја почна својата фудбалска кариера во Кардиф Сити, пред да се пресели во 1970 година во Ливерпул со кој освои три шампионски титули во Англија, два трофеи во Купот на УЕФА, како и ФА Купот, Европски Куп, Черити Шилд и Европски Супер куп.
Кариерата ја заврши во 1984 година во Свонси каде и почна да работи како тренер.
Џон Тошак од 2011 до 2012 година беше селектор на македонската фудбалска репрезентација.(МИА)

Македонски



