Skip to main content

Баерн одолева од понудите од Реал и Сити за Павловиќ

 Бундеслигашот Баерн Минхен ги отфрли понудите од Реал Мадрид и Манчестер Сити за играчот од средниот ред Александар Павловиќ, објави денеска новинарот Кристијан Фалк.


Германскиот гигант не планира да се раздели со 21-годишниот германски репрезентативец, кој се етаблираше во стартниот тим на тренерот Винсент Компани.


Павловиќ дебитираше во Бундеслигата за Баерн во октомври 2023 година, откако му се приклучи на сениорскиот тим од клупската академија. Неговиот договор е со важност до 30 јуни 2029 година.
Вредноста на Павловиќ на трансфер пазарот се проценува на 75 милиони евра.