
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска се обрати на 20 -та конференција на Јадранско – Јонската иницијатива.
На својот фејсбук профил, тој објави:
Денеска во Собранието се обратив на 20-та Јадранско – Јонска иницијатива.
Зборував за активностите на Министерството за транспорт, за сите инвестиции на стратешките проекти како што се брзата пруга на Коридор 10.
Потенцирав и за напредокот во изградбата на автопатите. Силно се работи на Коридорот 8 како и на поврзувањето на Прилеп и Битола односно Коридорот 10д.
Македонија е силно посветена на изградбата на стратешки инфраструктурни проекти и реализација на капитални инвестиции кои значат квалитетни транспортни конекции со целиот регион.
Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори преку кои ќе придонесеме за економски напредок во државата и севкупно на регионот, што е и основна цел на Стратегијата за Јадранско – Јонскиот регион.
Подобра инфраструктура значи силна економија – објави вицепремиерот.

Македонски



