
Министерот за одбрана Владо Мисјаловски ѝ поскаја добредојде и честитки за поставувањето на потполковничката Дениз МкМахон за ново одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Македонија.
На денешната средба со амбасадорот Метју Лосон, на која присуствуваше и нерезидентното одбранбено аташен полковникот Џонатан Вилијамсон, како што соопшти Мисајловски, се разговарало за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување.
На потполковничката МкМахон ѝ посакувам успешен мандат и плодна работа, со уверување дека заеднички ќе придонесеме кон натамошно зајакнување на одбранбените односи меѓу нашите две земји. Благодарност до полковникот Вилијамсон за неговиот ангажман и придонес во извршувањето на должноста нерезидентно одбранбено аташе во изминатиот период. Обединетото Кралство е еден од нашите важни партнери во областа на одбраната и остануваме посветени на континуирано продлабочување на соработката, сподели министерот.

Македонски


