Skip to main content

Солистички концерт на пијано на Дуња Иванова со музика од Давор Јордановски

На 19 ноември (среда) со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, на кој публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од истакнатиот македонски композитор Давор Јордановски.

Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска и светска пијанистичка сцена.

Програмата ги опфаќа десетте пиеси од циклусот: Alma, La romance, Matin pourpre, Alors c’est toi!, Pure, Illusion, Le rêve non gouverné, Violet et noir, Papillon, Elena – дела што ја спојуваат лиричноста, модерната хармонска мисла и впечатливата звучна естетика на авторот.

Настанот е дел од Годишната програма за култура на Град Скопје за 2025 година. 

Влезот е слободен.

Поврзани вести