Skip to main content

Што е Туретов синдром од кој боледува Роби Вилијамс

Пејачот Роби Вилијамс соопшти дека се бори со Туретов синдром. Во многу лично интервју за емисијата „Јас имам АДХД! Не, немаш“ (I am ADHD! No, you’re not), пејачот признава дека турнеите сè уште го ужаснуваат, и покрај бројните распродадени стадионски настапи, прво како член на момчешкиот бенд „Тејк дет“, а подоцна и како солоуметник.

Тукушто сфатив дека имам Туретов синдром, но тој не се манифестира однадвор. Ќе помислите оти стадион полн луѓе кои те опсипуваат со љубов – би изгледало како одвлекување на вниманието, но не е така. Што и да е во мене, тоа не може да се разбере, вели Роби.

Туретов синдром е невролошко нарушување коешто се одликува со повторливи, ненамерни движења со телото и/или звуци, наречени тикови.

Инаку, 51-годишниот поп-пејач кој претходно има дијагнози на невро-развојно нарушување на невнимание и хиперактивност – АДХД, и посттрауматски стрес – ПТСД, во периоди се борел и со зависност од алкохол и дрога, а неодамна се тестирал и за аутизам. Тестот бил негативен, но открил дека Роби има „аутистични особини“, вклучувајќи вознемиреност при „напуштање на безбедноста на својот кревет“, пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Роби додаде и дека неговите тикови се „наметливи“ и претежно внатрешни, но неговите мисли се толку интензивни што не може да ги контролира јавно, особено на концерти

Поврзани вести