Skip to main content

„МИЗАР“ со „BEST OF“ концерт во Македонска филхармонија

МИЗАР СО „BEST OF“ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА!

3 АПРИЛ
МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

Задоволство ни е да најавиме дека големиот македонски бенд и бренд МИЗАР ќе одржи ексклузивен, интимен концерт на 3 април во Македонската филхармонија, со специјална „best of“ програма!, велат организаторите.

Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ќе бидат изведени теми од целиот богат опус на еден од најкултните бендови, не само во македонската музика, туку и во и за македонската култура; теми од „Мизар“, „Кобна убавина“, ,,Свјат Dreams”,„Детето и белото море“, ,,Поглед кон цветната градина”, ,,Вечна празнина”…

На концертот ќе се придружат и специјални гости и музичари кои во изминатите 45 години имале свој удел и оставиле значаен белег во приказната на МИЗАР.

Инаку, бендот деновиве е актуелен со нивната нова извонредна песна „Вардар е Стикс“.

Поврзани вести