Skip to main content

Концертот „Кадифено“ на 20 декември во Филхармонија

Концертот „Кадифено“ ќе се одржи на 20 декември 2025 година, со почеток од 19:30 часот, во Националната филхармонија – Скопје.

Овој проект е премиерна изведба на нов музички опус на Зарина Првасевда – интимно, емотивно и длабоко музичко доживување, инспирирано од македонската и ориенталната традиција, збогатено со современа звучна естетика и импровизација.

Покрај Зарина Првасевда, на сцената ќе настапат и:
– Џенк Ердоган (Турција) – светски познат виртуоз на фретлес гитара и GRAMMY® награден уметник
– Ахмет Алан (Турција) – перкусионист и мултиинструменталист
– Андреа Мирчевска – виолончело
– Тони Арслан – гитара

„Кадифено“ е концерт што нуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна и меѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.

Поврзани вести