
Групата „Меморија“ денеска одржа прес конференција по повод големиот солистички концерт закажан за 23. октомври 2026 година во Арена „Јане Сандански“ – Скопје .

На денешната прес конференција покрај информациите за претстојниот концерт членовите на бендот информираа и за документарниот филм кој се снима од минатата година и кој во неколку епизоди ќе се прикажува на Македонската телевизија. Новите информации беа споделени во присуство на бројни претставници на рок ен рол сцената во Македонија, како Гранит Таки, членови на Биз Бес, Јане Коџобашија, Џокси, Мики Јовановски Џафер… сите ти се дел од документариот филм со свои сеќавања, изведби и разговор, а и самите ќе бидат засапени преку композиции кои ќе бидат изведени на концертот на 23 октомври.
Акцентот беше ставен на претстојниот голем концерт, што ќе се одржи на 23 окотомври во арената „Јане Сандански“, како и најава за документарна серија од 12 епизоди за групата, во режија на Александар Чоланчевски, а во продукција на МРТ.
Претстојниот концерт ќе се разликува од досегашните по многу нешта, па затоа највеќе му прилега насловот „Од рок-историја до „Меморија“. На сцената ќе се качат рок ветерани, основположницви на македоснаката популарна музика, од 1960-те години досега. Таа приказна ќе биде аудиовзулена. Веќе една година се снима и документарен филм за „Меморија“, каде свои сведоштва ќе имаат над 150 соговорници – рече домаќинот на прес-конференцијата, новинарот Антонио Димитриевски, кој и самиот бил член на групата.
Лидерот на „Меморија“, Петар Герогиевски – Камиказа, поздравувајќи ги присутните, рече дека особено му е драго што на пресот присуствуваат големи македонски музички легенди, некои од основположниите на македонската популарна музика, Гранит Таки, Мики Јовановски Џафер, Јане Коџобашија, Дејан Павлевски-Денки, некои од нив блиску до осмата деценија, кои со својот младешки жар и талент ги поставија темелите на македонската рок и забавна музика во 1960-те години.
Концертот во октомври ќе им го посветиме токму на овие музички легенди, а ќе има и дел во спомен на најголемите хитови на Тоше Поп Симонов, во чие студио снимивме три албуми. Исто така членови на семејството на познатиот македонски музичар, Константин Икономов, ќе ја исполнат песната „Дал да плачам ил да пејам“ на групата „Бис Без“ во која членуваше. Во „Јане Сандански“ ќе се појави по многу години и групата „Бон-тон“, Бени Шаќири, а Игор Џамбазов ќе ја отпее песната „Добредојдовте во хотел Македонија“. Тој исто така ја има улогата на наратор во документарната серија што се снима веќе една година. Досега слушнав многу интересни приказни и анегдоти, кои се надевам ќе допрат до гледачите – рече Перо Камиказа.
Тој дополни дека во студиото на Мите Димовски, кој е и во улога на тапанар на групата, поради болест на Сашо Ангелов, се снимаат уште три песни за новиот албум.
Бидејќи ние не сакаме да застанеме со активностите сакам да најавам уште еден албум што планираме да го релизираме со 12 најголеми македонски хитови, како „Неправда“, „Сонце за три света“, „Јана“, „Скитник“…., што ќе бидат снимени акустично, а ќе следуваат и настапи во земјава и надвор од неа – најави Петар Георгиевски-Камиказа.

Игор Џамбазов е наратор во филмот, а ќе биде гостин на концертот на „Меморија“ до „Добредојдовте во хотел Македонија“. Членовите на бендот најавија и дека еден дел од концертот ќе биде посветен на Тоше Поп Симонов на кој ќе бидат изведени негови хитови.

Македонски


