Skip to main content

В понеделник во Кинотека почнува Недела на франкофонски филм

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија) и со Кинотеката, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година во Кинотеката на Македонија.

Манифестацијата ќе започне во понеделник, 30.03.2026, со почеток во 20 ч., во Кинотеката во Скопје, со проекцијата на филмот „Склоност кон пораз” на Лени и Арпо Гит, во организација на Амбасадата на Белгија во Софија.


Настанот ќе го отворат:

  • Н.Е.Г. Пол Ламбер, Амбасадор на Белгија во Софија
  • Н.Е.Г. Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција

За оваа проекција влезот е слободен.

Следат проекциите на:

  • Вторник 31 март, од 20 ч., „Кога доматите се сретнаа со Вагнер“, документарен филм на Маријана Економу, во организација на Амбасадата на Грција;
  • Среда 1 април, од 20 ч., „Тивок бунт”, на Мари-Елса Сгуалдо, во организација на Амбасадата на Швајцарија;
  • Четврток 2 април, од 20 ч., „Приказната за Сулејман”, на Борис Лојкин, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје;
  • Петок 3 април, од 20 ч., „Родео”, на Жоел Дежарден Пакет, во организација на Амбасадата на Канада;
  • Сабота 4 април, од 18 ч., „Приказна од минатото”, на Димитер Анагности, во организација на Амбасадата на Албанија;
  • Сабота 4 април, од 20 ч., затворање на Неделата на франкофонскиот филм со проекцијата на филмот „Марија, кралицата на Романија”, во организација на Амбасадата на Романија.

Поврзани вести