Skip to main content

„Три Ани“ на Бранко Бауер денеска во Кинотека

4 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

ТРИ АНИ
(Three Girls Named Anna)

Игран филм, Македонија
1959, 93 мин., црно-бел, 35мм

Режисер: Бранко Бауер
Сценарио: Слободан Глумац
Улоги: Дубравка Гал, Марија Кон и Светлана Мишковиќ

Пензионираниот железничар Марко Петриќ ги живее монотоно своите пензионерски денови сè до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка Ана ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот.

На неговата адреса пристигнуваат податоците за три млади жени од кои секоја подеднакво ја има можноста да биде неговата ќерка Ана. Најпосле, стариот Марко сепак доаѓа до сознанието дека вистинската Ана загинала во војната.

Оваа 93-минутна мелодрама својата премиера ја имаше во 1959 годинa и беше дигитално реставрирана во соработка со Хрватската кинотека. Приказната за железничарот Марко Петриќ (Душан Стефановиќ) кој залудно се надева дека по војната ќе ја најде и препознае својата исчезната ќерка Ана беше реализирана по сценарио на Слободан Глумац, а продуцентската куќа „Вардар филм“ од Скопје состави екипа од филмски работници од цела тогашна Југославија. Некои од нив, како актерите Душан Јаниќиевиќ и Јанез Врховец, асистентот на режија Миомир Мики Стаменковиќ и костимографот Мира Глишиќ ќе остават подлабока трага во македонскaта кинематографија и ќе потпишат уште неколку играни филмски проекти за „Вардар филм“.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

Поврзани вести