Skip to main content

Ти си копија на татко ти!: Првите македонски зборови во „Симпсонови“ на баба Бранка

Принтскрин

„Ти си копија на татко ти!“ Ова с епрвите зборови на македонски јазик во „Симпсонови“. Ги изговара ликот на баба Бранка, баба на шанкерот и сопственик Мо, додека тој е бебе.

Пред некој ден се објави дека во 36-та сезона, епизода број 15, Македонец конечно дојде во Спрингфилд, но, тоа не е сè! И циникот Мо, газдата на таверната (оној кој Барт го шупчи по телефон) по потекло да ти бил Македонец и го убедува дедото дека сè уште прилично добро зборува македонски, на што тој му вели „Нема шанси. Ти едвај зборуваш и англиски“. „Никој не умееше да ти изгаси цигара од врат како баба Бранка,“ носталгично ќе се присети Мо, сеќавајќи се како баба му го успива со галовните зборови „Ти си копија на татко ти!“ (бесполезен, не те бива за ништо, мрзелив), мафтајќи со цигарата над него.

фото: Принтскрин

Поврзани вести