
Краткометражниот документарен филм ‘Антигона’, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, беше награден со „Special Mention“ во категоријата „Balkan Dox“ на престижниот фестивал DokuFest во Призрен.
Зад ова остварување стои тимот составен од режисерот Ибер Деари, продуцентот Авди Тачи (Lumiere Film), косценаристот Мирсад Абази и директорот на фотографија Фејми Даут.
‘Антигона’ е инспириран од вистинска приказна за храбра жена – единствената возачка на автобус во руралните села на општина Липково. Филмот ја имаше својата светска премиера на реномираниот Sheffield DocFest во Обединетото Кралство.
Честитки за екипата на ‘Антигона’ и поддршката на домашните автори во создавањето на дела кои ја претставуваат нашата култура на светската сцена.