Skip to main content

„Лена и Владимир“ со четири награди од жирито на фестивал во Оклахома, САД

Филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов освои дури четири награди од жирито на Red Brick Road Film Festival во Оклахома, САД. Филмот е прогласен за најдобар, а е награден и за најдобра кинематографија (Душан Кардалевски), најдобар спореден актер (Петар Мирчевски) и најдобар актер (Тони Наумовски).
– Ова извонредно признание е доказ за непоколебливата посветеност и уметничката визија на нашиот тим, кој со сè срце и душа ја оживеа оваа приказна. Искрено му благодариме на Red Brick Road Film Festival за оваа голема чест што ја потврдува нашата креативна визија – велат од тимот на фестивалот.

Ова е уште е еден голем успех за првиот долгометражен филм на Алексов, а веќе бележи повеќе од 15 награди на фестивали низ САД.
Сценариото за филмот е на Александар Русјаков, а играат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски.

Поврзани вести