Skip to main content

Копола добитник на признанието за животно дело на AFI

Култниот режисер Френсис Форд Копола го доби признанието за животно дело на Американскиот филмски институт (AFI) која му беше врачена на церемонија во „Долби театарот“ во Лос Анџелес, на која присуствуваа голем број ѕвезди и легенди од филмскиот свет.

Копола ја доби наградата за „создавање дела кои го редефинираа филмот“ за време на неговата кариера, вклучувајќи ја трилогијата „Кум“ и „Апокалипса денес“.

Меѓу присутните беше и режисерот Стивен Спилберг кој рече дека Копола ги редефинираше принципите на американскиот филм и дека како таков нема друг пример.

Копола на церемонијата седеше меѓу Стивен Спилберг и Џорџ Лукас, а во публиката беа актерите Дастин Хофман, Ал Пачино, Морган Фриман, Енди Гарсија и голем број други холивудски ѕвезди.

Наградата му ја врачи долгогодишниот пријател и соработник Џорџ Лукас, со кого Копола заеднички ја осниваше продуцентската компанија „American Zoetrope“ во 1969.

На гостите им беше послужено вино од приватната винарија на Копола, а по вечерата како десерт италијанскиот специјалитет каноли, во духот на потеклото на лауреатот.

Шесткратниот oскаровец, Френсис Форд Копола е 50-ти добитник на наградата AFI, која означува најголема чест за филмска кариера во Америка. Копола има освоено шест Оскари вклучувајќи и за најдобра режија во 1975 за „Кум 2“, кој исто така ги освои Оскарите и за надобар филм и најдобро сценарио.

Поврзани вести