Skip to main content

„Киненова“ за Кочани: Вечерва проекција на филмот „Кафе“ во „Киноверзум“ во Кисела Вода

Киненова

Вечерва во рамките на хманитарната ревија на филмови од минантите изданија што фестивалот „Киненова“ ги прикажува во Киноверзум во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе биде прикажан филмот „Кафе“ од иранскиот режисер Навид Михандост.

Филмот премиерно беше прикажан на фестивалот „Киненова“ во 2023 година.

Овде сум со срце полно со болка и гнев, да бидам глас на угнетените и слободољубиви луѓе како мојот брат, рече во својата видео порака со која и се обрати на присутната публика пред проекцијата на филмот, рече тогаш во видео порака сестрата на режисерот Навид, Неда Михандост.

Приказната за филмот „Кафе“ е слична на она што му се случи на мојот брат во Иран, потенцираше таа.

Државните органи за прогон во Иран, го повикаа мојот брат да соработува со нив, барајќи од него да биде во контакт со прочуената иранска новинарка и активист за женски права Масих Алинежад, за која тој снимаше филм во 2009-та година. Тој одби да соработува со нив и наместо тоа се надмудруваше со правосудниот систем за да купи уште малку време и да го направи филмот „Кафе“, што беше еден од неговите соништа за да ги прикаже сите неправди кои се случуваат во неговата земја Иран, вели Неда.

Неда Михандост во 2023 година ја прочита и изјавата на нејзиниот брат, режисерот Навид Михандост дадена специјално за оваа прилика до македонската јавност и публика. 

Многу сум среќен што го гледате мојот филм во Скопје, главниот град на Македонија, за што иразувам голема благодарност до Небојша Јовановиќ што ја организираше специјалната проекција за мојот филм „Кафе“. Ја сакам и се восхитувам на уметноста во смисла дека таа е мост за комуникација со образовани и слободоумни луѓе ширум светот, мост кој ги надминува националните и јазичните бариери.

Имам измешани чувства во моментов додека мојот филм се прикажува пред вас и покрај фактот што неговиот режисер е затворен во затвор во Техеран. Од една страна сум среќен што мојот независен филм го продолжува својот динамичен живот надвор од ѕидовите на затворот во кој беше затворен неговиот творец, а од друга страна, жал ми е што ја изгубив можноста да уживам во радоста на комуникацијата и да ја видам реакцијата на македонската публика на мојот филм. Се  надевам дека ќе дојде ден кога ниту еден филмски работник и уметник нема да биде затворен никаде во светот за снимање филм и искажување на своето мислење.

Да живее Иран. Да живеат жените, животот, слободата!, вели во својата порака Навид.

Сите проекции во рамките на ревијата „Киненова“ за Кочани почнуваат во 20 часот, сретствата од продадените билети се наменети за семејствата на настраданите во трагичната несреќа во Кочани.

Поврзани вести