Skip to main content

„Киненова“ ќе прикаже наградени филмови од минатите изданија од 30 март до 3 април, средствата ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани

Киненова

По најголемата трагедија во поновата македонска историја, ние како фестивалски тим одлучивме дека програмата која требаше да биде само наговестување за десеттото, јубилејно издание на МФФ КИНЕНОВА 2025, да им ја посветиме на настраданите во големата несреќа во Кочани со давање хуманитарен карактер на истата.

Колкава и да е таа капка на материјална и духовна поддршка за блиските на настраданите, сакаме да пробаме да придонесеме кон влевањето на надеж и да покажеме минимум одговорност, но во исто време и со иста љубов да оддадеме длабока почит за оние невини души кои ги загубија животите и оние кои го жртвуваа својот за да ги спасат животите на останатите.

Чувствуваме немерлива празнина и болка за се што се случи.

Во таа насока ве повикуваме вас, драга публико, вие добронамерници со големи и благородни срца, да ги посетите проекциите на филмовите кои внимателно ги одбравме и обезбедивме, а кои се дел од најистакнатите и наградени филмови на минатите изданија на КИНЕНОВА и со вашето присуство и купената влезница да придонесете во оваа наша мисија.

Целокупниот приход од влезниците на овој настан ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

Настанот ќе се одвива од 30ти март (недела) до 3ти април (среда) во киното КИНОВЕРЗУМ, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.

30.03.2025 / 20:00ч. (недела)

МАЖИТЕ НЕ ПЛАЧАТ (Men don’t cry)
Босна и Херцеговина /2017/98’

Режисер: Ален Дрљевиќ (Alen Drljevic)
Сценарио: Ален Дрљевиќ (Alen Drljevic), Зоран Соломун (Zoran Solomun)
Улоги: Борис Исаковиќ (Boris Isakovic), Леон Лучев (Leon Lucev), Емир Хаџихафизбеговиќ (Emir Hadzihafizbegovic)

31.03.2025 / 20:00ч. (ПОНЕДЕЛНИК)

ХОТЕЛ ПУЛА (Hotel Pula)  на Андреј Коровљев
ХРВАТСКА, 2023 / 95мин.


Режија: Андреј Коровљев
Улоги: Ермин Браво, Ника Грбеља и др.

01.04.2025 / 20:15ч. (ВТОРНИК)

КАФУЛЕ (Café)

ИРАН / 2023 / 93мин.

Сценарио и режија: Навид Михандуст (Navid Mihandoust)

Улоги: Масуд Карамати, Маса Маџур, Сетаре Малеки

02.04.2025 / 20:15ч. (СРЕДА)

ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО (Behind The Haystacks)

ГРЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, Н.МАКЕДОНИЈА / 2022 / 1Ч 59мин.

Режија: Асимина Проедру

Улоги: Статис Стамулакатос, Елени Узуниду, Евгенија Лавда, Нино Леви

03.04.2025 / 20:15ч. (ЧЕТВРТОК)

НА СЕ ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈ (It All Ends Here)

Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција, Бугарија / 2024 / 89мин.

Режисер: Рајко Грлиќ

Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мирослав Крлежа
Улоги: Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ,Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски

Поврзани вести