Skip to main content

Распродаден првиот стендап дуел на годината меѓу Марјан Георгиевски и Бојан Велевски, вториот е на 16 февруари во Национална опера и балет

Поради рекордно распродадениот прв термин и огромниот интерес од публиката, актерите Марјан Георгиевски и Бојан Велевски најавија втор, нов термин и тоа на 16 февруари во Националната опера и балет.

По успешната распродадена прва претстава во Македонскиот народен театар (МНТ), овој пат спектаклот се сели во еден од најпрестижните културни простори – НОБ, каде што публиката ќе може да ужива во уште поголем амбиент и уште пожестока комична пресметка. Две спротивни сили, Трифун (Марјан Георгиевски) и Валентајн (Бојан Велевски), ќе се судрат на сцената на Македонската опера и балет со најлудиот стенд-ап двобој што сте го виделе. За вљубените, за оние што го слават Трифун, и за сите што сакаат да се смеат до солзи – ова е вечер што нема да ја заборавите, вели организаторот.

Картите може да се купат на www.kupikarta.com Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.