
Српската пејачка Марија Микиќ за тамошните медиуми рече дека во дискотеката „Пулс“ каде настапувала неколку пати имало убава атмосфера и никогаш замислувајќи дека таму ќе се случи ваква незамислива трагедија.
„Ќе бидам потполно искрена…кога дојдовме пред клубот мислевме дека сме ја згрешиле адресата. Кога ќе влезеш внатре е друга приказна, изгледа како вселенски брод. Огромна спротивност на тоа што не дочека надвор. Публиката беше прекрасна, прекрасна енергија, што не очекував од едно мало место како Кочани. Но навистина се наежив цела“, вели пејачката.