Александра Радовиќ откако дозна дека нашата Влада и МРТВ подготвуваат проект во кој се вклучени серија, филм и документарец за македонската музичка поп икона Тоше Проески, даде голема поддршка за Македонската Радио Телевизија и Влада на Македонија, но и истакна дека оваа вест има големо регионално значење.
Радовиќ ја истакна нејзината поврзаност со Тоше и откри за прв пат во јавноста приватни детали од искуство во кое Тоше пеел нејзина песна. Воедно се потсети и на проектот во кој таа со свои колеги од регионот учествуваше пеејки ги неговите најголеми хитови кои и до ден денес оставија траен белег на музичката сцена на Балканот со неговото непроценливо музичко дело.