
„Кино Фросина Скопје, за сите возрасти“, така Френк Тарнер на својата веб страна го најавува својот концерт во Скопје закажан за 13.март.
Британскиот музичар Френк Тарнер, познат по своите енергични настапи во живо, ќе го посети Скопје на 13-ти март 2025 година. Тој ќе одржи специјален акустичен концерт во Кино Фросина, ветувајќи им на фановите уникатна вечер исполнета со искрени емоции и лична поврзаност со публиката.
Френк Тарнер е икона на англиската панк-рок музика, кој совршено ја комбинира суровата енергија на панкот со суптилноста на акустичните мелодии. Во текот на својата кариера има издадено 10 студиски албуми, а неговото најново дело, Undefeated (2024), означува нов почеток. Како независен уметник, Тарнер не само што го напиша туку и самиот го продуцираше албумот. Овој уникатен проект ја покажува неговата истрајност и страст за истражување нови музички хоризонти.
Не пропуштајте ја можноста да ја доживеете уникатната акустична атмосфера што ја носи Френк Тарнер – спој на емоции, музика и интимна поврзаност со публиката.
Френсис Едвард Тарнер (роден на 28 декември 1981 година) е англиски панк и фолк пејач-текстописец од Меонстоук, Хемпшир. Тој ја започнал својата кариера како вокал на пост-хардкор бендот Million Dead, а потоа започнал соло кариера базирана на првенствено акустична основа по разделбата на бендот во 2005 година. Во студиото и за време на настапите во живо, Тарнер е придружуван од неговиот бенд, The Sleeping Souls, кој се состои од Benarrr, Mats Насир (пијано, мандолина) и Калум Грин (тапани).
До денес, Тарнер има издадено десет соло албуми, четири раритетни компилациски албуми, еден ретроспективен „best of“ албум, еден сплит албум и пет EP-а. Деветтиот студиски албум на Тарнер, FTHC, беше издаден на 11 февруари 2022 година и го достигна првото место на табелата со албуми во Обединетото Кралство во неделата по неговото објавување.
Тој на својата live archive (на веб страната) ги набројува сите концерти кои досега ги одржал.
Листата има 3001 настапи (на 1.март настапил во Lancaster Town Hall, Lancaster), а се започнало на 18.септември 2004 година во „93 Feet East, London“,Обединетото Кралство.
На листата секако ги нема најавените концерти за март, а меѓу нив и скопскиот закажан за 13 март во кино „Фросина“ Скопје.