
Од јули годинава лековите против згрутчување на крвта „клексан“ и „фраксипарин“, ќе бидат достапни на позитивната листа, соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Тој посочи дека лековите се наменети за пациенти со акутни и постоперативни состојби.
Клековски се осврна и на препишувањето на „Клексан“ кај бремените жени, оценувајќи дека оваа практика кај нас е проширена надвор од медицинските индикации.

Македонски



