Има повеќе дефиниции што идиократијата како систем на владеење ја толкуваат различни мислители, филозофи, државници почнувајќи од Џорџ Вашингтон сé до денес.
Во едно, сите се согласни, дека Идиократијата е најтежок облик на владеење и истовремено најсрамотен за оние кои што тоа молчешкум го трпат.
Според мене, најблиска дефиниција за состојбите на владеењето на Идиократијата во Македонија, истовремено и најпонижувачката, е дека:
ИДИОКРАТИЈАТА Е ДИКТАТУРА НА ГЛУПОСТА.“
Група глупи идиократи ја приграбуваат целата власт каде што моќните стануваат помоќни, помоќните супермоќни и од таква позиција како малцински дел, би рекол минорен, од општеството, управуваат со уцени со мнозинството. Притоа ги злоупотребуваат институциите на државата организирани според Уставот и законите, и сé ставаат под своја контрола од парламент, влада, министерства, судови и со силна изразена моќ и контрола врз нив хаосот и анархијата ги претставуваат како редовна состојба.
Згора на тоа вака поставената диктатура од институциите кои што треба да им служат на народот се претвораат во бедем на одбрана на таквиот начин на владеење.
На оваа опасна инфекција, доколку не ѝ се застане на пат навреме се проширува и кај потчинетите се чувствува општа апатија, молчењето и прилагодувањето на таквата демонстрација н владеење на сила станува нормално, униформирано и прифатливо.
Со време тоа преминува во декаденција, и прво општеството го води кон пропаѓање, а човештвото до степен на духовно исчезнување и силно материјално осиромашување, со што економските и финансиските добра и богатства што му припаѓаат на народот, со крајна антихумана нивна прераспределба преминуваат во рацете на мала група моќници, глупави глави и без΄рбетници.
И, ако мислите дека овие се најлошите, дното на дното, во општеството се лажете.
Тоа се ИДИОТИТЕ.
Овие „паметни“ идиоти кои според титулите, функциите, угледот, припадноста, уважувањето што го имаат кај народот место енергично и храбро да се спротивстават, што е нивна авангардна должност, се определиле да молчат и слатко ги глодаат фрлените коски пред нивните муцки, односно она што останало од ограбениот граѓанин и добрата волја на глупавите сега со огромна моќ исполнети и надуени ИДИОКРАТИ.
Спрегата меѓу вас политички џуџиња и немилосрдни глодари 7 (седум) години Македонија и граѓаните ја држеа во темнина и стенкање под јаремот во кој што ги спрегнавте и водевте буцкајќи ги со дреновиот колец каде вие што сакате.
Во сева ова морбидност има помалку среќа што во идиократијата во Македонија имаше боја. ЦРНА.
Затоа Македонија целата беше 7 години цела ЦРНА.
Е, па, драги мои ОДГЛЕДАНИ, ЧЕСТА И КОРИСТА немаат исти кров.
За вас, ОДГЛЕДАНИТЕ и СТРВНИТЕ во најголемата животинска фарма, кровот ви е од Шталата.
Седете си таму, уживајте и размножувајте се, ама за надвор меѓу луѓе не сте.
Кровот на ЧЕСТА за овие ДРУГИТЕ кои дојдоа и ве соборија е небесниот бескраен свод и хоризонт.
Нивните дострели за вас се фикција и невозможна мисија.
До толку бевте опседнати со симбиозата на глупоста и моќта што опстојуваше во вашите глупави глави, дури и останавте заслепени при здрави очи и не ни знаевте дека постојат и поинакви од вас. Не ги препознавте. А тие секогаш беа тука одма до вас, пред вас, најчесто зад вас и под вашите нозе.
Дојде време за отплата на кредитот што мислевте дека народот би го даде гратис и со грејс период од вечност ама и без камата.
Ќе платите Сé !
Луѓето кои дојдоа, кои ги донесе народот, силни, енергични, со разум, љубов кон својот народ и татковина, решителни и храбри патриоти ќе ве натераат на тоа.