
На словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка, вечерва директорот на СВП, Никола Кукунеш му ја врачи наградата „Златен венец“ кое како круна на петдневното чествување на поезијата вечерва беше заокружен Фестивалот.

Претседателот на жирито за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“, Санде Стојчевски и ја врачи наградата на поетесата Јулијана Величковска, која го доби признанието за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија за збирката „Рајсфершлус“, а уметничкиот директор Мите Стефоски ја врачи наградата „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант, на Матеуш Шимчик од Полска за книгата „Потребни се извори“.
На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ покрај добитниците на фестивалските признанија, стихови читаа и поети од сите страни на светот, а поетска Струга по 64-ти пат блесна во сиот свој сјај.
Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест лауреатот и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата.