Skip to main content

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, преброени сите гласови

фејсбук Аркин Јахији

Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција, освои најмногу гласови во вториот круг од изборите за градоначалник на Општина Брвеница. Според ажурираните податоци на Државната изборна комисија, обработени се сите 24 избирачки места, односно 100 проценти од местата.

Јахији освоил 4.442 гласа или 50,36 проценти, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, добил 4.177 гласа или 47,36 проценти.

Разликата меѓу двајцата кандидати изнесува 265 гласа. ДИК ги означува објавените бројки како првични резултати.

Поврзани вести