Skip to main content

Славески му одговори на Филипче за мерките во Алта банка: фирмите ќе можат да префрлаат пари во рамки на банката

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на одлуката на Народната банка да воведе администрација во „Алта банка“ АД Битола. Во објава на платформата X, тој тврдеше дека парите поврзани со криминални тендери и со трансфери од Србија ќе продолжат да се перат, додека средствата на граѓаните што имаат сметки во банката ќе останат „заробени“.

На неговата објава одговори гувернерот Трајко Славески. Тој го нарече постот „срамен“ и појасни дека фирмите нема да можат да повлекуваат средства од сметките во банката, но ќе можат неограничено да префрлаат пари на сметки на други клиенти во „Алта банка“ АД Битола.

За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички издадени од банката. Народната банка соопшти дека интерните плаќања меѓу сметките на клиентите во банката остануваат овозможени без ограничување на износот.

Поврзани вести