Skip to main content

Јотова убедливо пред победа на претседателските избори во Бугарија, освоила 57,1 отсто од гласовите

Facebook/ИЛИЯНА ЙОТОВА

Илијана Јотова е на чекор до победа во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат првичните изборни проценки на социолошката агенција „Алфа рисрч“.

Според податоците од паралелното пребројување, Јотова освојува 57,1 отсто од гласовите, додека нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров добива 39,3 отсто.

На гласање излегле околу 1,85 милиони граѓани, односно 28,1 отсто од запишаните избирачи, што претставува зголемена излезност во споредба со првиот круг.

Анализите на изборните резултати покажуваат дека значајна улога во предноста на Јотова имала поддршката од гласачите на партијата „Преродба“, како и мобилизацијата на граѓаните кои не гласале во првиот круг.

Во вториот круг, Јотова се соочи со Андреј Ѓуров, откако двајцата кандидати освоија најмногу гласови во првиот круг на 25 октомври.

Официјалните конечни резултати од гласањето се очекува да ја потврдат победата на еден од кандидатите.

Поврзани вести