Skip to main content

Експозитурите на АЛТА банка во Битола од понеделник привремено затворени за клиенти


Експозитурите на АЛТА банка АД Битола од понеделник, 2 ноември, привремено нема да работат со клиенти, соопшти Банката. Прекинот ќе трае до дополнително известување.

Од Банката информираат дека, согласно одлука на Народната банка, се воведени привремени заштитни мерки. За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на АЛТА банка.

Мерките, како што наведуваат од Банката, имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите.

За дополнителните информации и евентуалните промени клиентите ќе бидат известени преку официјалните канали на Банката.

Поврзани вести