Skip to main content

Радичевски со убедливо водство во Брвеница, обработени 11 од 24 избирачки места

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, има убедлива предност во вториот круг од локалните избори во Општина Брвеница, според ажурираните првични резултати на Државната изборна комисија.

До 20:38 часот биле обработени податоците од 11 од вкупно 24 избирачки места, односно 45,8 проценти. Радичевски освоил 2.751 глас, односно 69,35 проценти. Кандидатот на НАИ – Национална алијанса за интеграција, Аркин Јахиј, добил 1.136 гласа, односно 28,64 проценти.

Според изборната статистика, на обработените места биле запишани 6.598 избирачи, а на гласање излегле 3.967, што претставува излезност од 60,12 проценти. Регистрирани се и 80 неважечки ливчиња.

Броењето и обработката на податоците од преостанатите избирачки места продолжуваат. Резултатите се првични и може да се менуваат со објавувањето на новите податоци од ДИК.

Поврзани вести