
По распишаниот меѓународен конкурс вчера беше отворена изложбата и прогласени најдобрите на 22рото издание на Меѓународниот салон на стрип во организација на Стрип центар на Македонија. За прв пат годинава се доделија и три специјални награди за млади автори, во соработка со Европската куќа. Во рамки на салонот беше претставена и изложбата за 15 годишниот јубилеј од стрип серијалот Вековници.
“Велешко лето 2025” продолжува утре со првото издание на Street Food Festival во Младински парк со почеток во 18 часот.
Пулсирај со Велес во сите бои на летото!