Skip to main content

Награди за Номи Рапас за „Мајка“ и Ариф Јакуп за „Диџеј Ахмет“ на Јадранските филмски награди

Номи Рапас ја освои наградата за НАЈДОБРА ГЛАВНА АКТЕРКА за „Мајка“ на Теона Стругар Митевска. Во нејзино име наградата ја прими режисерката.

Ариф Јакуп ја доби наградата ЅВЕЗДА ВО ПОДЕМ за улогата во „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски.

Второто издание на Adriatic Film Awards се одржа во Порто Монтенегро, Тиват, со свечено доделување на наградите на 24 октомври. Признанијата ги доделува Филмската и телевизиска академија на Јадранскиот регион, а за нив гласаат повеќе од 800 филмски и телевизиски професионалци.

Настанот ги обединува авторите и екипите од регионот и ги истакнува најзначајните остварувања на филмот и телевизијата.

Поврзани вести