
Претседателот на САД, Доналд Трамп потврди денеска дека го разрешува својот советник за национална безбедност Мајк Волц по протекување информации во чет група, но дека тој е новиот избор за амбасадор на САД во Обединетите нации.
„Мајк Волц работеше напорно за да ги стави интересите на нашата нација на прво место. Знам дека ќе го стори истото и на својата нова улога“, објави Трамп на Truth Social. Државниот секретар Марко Рубио сега ќе биде и „привремен“ советник за национална безбедност, наведе Трамп.