
На Железничката станица во Скопје врвулица од патници како во минатото. Пероните светнати,трите вагони чисти, со екрани што ги покажуваат станиците.

Точно во 10 часот свирчето свирна и локомотивата тргна кон последното одредиште од оваа линија на Градскиот воз чија промоција беше денеска.

Преку Кисела Вода,Лисиче,Драчево за дваесеттина минути возот пристигна на железничката станица во Зелениково. Не пречекаа локалните жители на кои им беше драго што гледаат посетители кои не се од нивното село.

Велат дека многу им значи што ќе имаат и железничка врска со главниот град и оти за само 70 денари ќе можат да отидат ,да завршат некоја работа и попладне да се вратат дома.
Во денешниот воз меѓу патниците беше и министерот за транспорт а се очекува доаѓањето на премиерот Мицкоски.


Македонски

