
Градскиот воз во Скопје за само три дена од стартот превезе околу 1.500 патници, а првичните анализи покажуваат дека интересот кај граѓаните е добар и се очекува бројката во периодот што следи значително да расте“, во гостување на ТВ Сител истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Плановит предвидуваат проширување на железничкиот сообраќај, со што повеќе приградски населби ќе бидат поврзани со Новата железничка станица во Скопје.
Првичните анализи се добри, за три дена имаше некаде околу 1.500 патници. Јас очекувам дека таа бројка ќе расте, дека за многу брзо време ќе надминеме и 100.000 патници. Нашата проценка е дека околу 200.000 жители се опфатени со правата линија од градскиот воз – рече Николоски.
Според него, веќе се работи на проектирањето на уште две траси, кои треба да го прошират опфатот на градскиот воз.
Првата планирана траса треба да се движи од Новата железничка станица преку Автокоманда, Маџари, Ченто и Илинден до Агино Село. Втората би го поврзувала северозападниот дел од градот, односно Нова железничка станица преку Бутел, Скопје Север, Волково и Ѓорче Петров до Сарај.
Николоски додаде дека со реализацијата на овие две линии би се создала железничка мрежа која ќе ги поврзе трите делови на градот и приградските населби кои гравитираат кон Скопје со Новата железничка станица.
Со градскиот воз граѓаните ќе можат да ја избегнат градската гужва и преку точни временски интервали на пристигнување да го планираат своето време. Во моментов ја користиме рутата која што некогаш постоела, да ги вратиме во живот и на тој начин приградските населби да ги добилижиме до центарот. Проектирањето завршува до крајот на месец октомври, после тоа одиме со тендерирање и очекуваме во зависност од временските услови да започне да се работи во декември или јануари. Ако овде успеавме да ја завршиме градбата за 10 месеци, таму оставаме 12 месеци, така што почетокот на 2028 година ќе имаме оперативни уште две линии на градскиот воз“, посочи вицепремиерот Николоски.
Одговарајќи на прашањето зошто во актуелната мрежа нема траса до Скопскиот аеродром, Николоски појасни дека до аеродромот во моментов нема пруга, но дека поврзувањето е предвидено во рамки на проектот „Брза пруга“.
До Скопскиот аеродром во моментов нема пруга, но тоа е дел од еден друг проект, а тоа е „Брзата пруга“. Идејата е со 160 километри начас од центарот на Скопје да се патува до аеродромот, што сериозно ќе го скрати времето на патување. Планирано е ова да е првата отсечка која што ќе се изгради во проектот „Брза пруга““, објасни министерот за транспорт, Александар Николоски.

Македонски



