
Британската влада не се откажала од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана, изјави министерот за економија Џонатан Рејнолдс, јави ДПА. Тој вели сдека Велика Британија мора да ги зголеми трошоците за одбрана на 3% од БДП до 2030 година, при што примарната цел ќе остане 3,5% до 2035 година – обврската на земјата кон НАТО.
Неговите коментари дојдоа по извештаите дека министерот за финансии Џон Хили се повлекува од претходната обврска да се достигне 3% до 2030 година.
Како министер за одбрана, Хили инсистираше дека Велика Британија треба да си ја постави таа цел за безбедноста на земјата, а во јуни поднесе оставка од владата на поранешниот премиер Кир Стармер поради, како што рече Хили, недоволно финансирање за планот за инвестиции во одбраната.
Хили продолжува да поддржува зголемување на трошоците за одбрана на 3%, но повеќе не се обврзува на 2030 година како конкретен рок. Тој рече дека на следниот преглед на владините трошоци ќе постави план за исполнување на обврската на НАТО од 3,5% до 2035 година, а исто така ќе одреди и датум за достигнување на 3%.
Рејнолдс ги отфрли тврдењата дека владата ги променила своите цели и нагласи дека Хили е „длабоко посветен“ на зголемување на трошоците за одбрана. Владата рече дека детален распоред за постигнување на тие цели ќе биде утврден на следниот преглед на владините трошоци.
Тековните планови предвидуваат трошоците за одбрана да достигнат 2,7% од БДП до 2027-28 година, но засега нема конкретни детали за тоа како ќе се постигне тоа понатамошно зголемување.

Македонски



