
Македонската женска одбојкарска репрезентација својот настап на претстојните Медитерански игри ќе го почне против Грција, соопштија денеска италијанските организатори.
Македонската репрезентација е дел од групата Б, а натпреварите од групната фаза ќе ги игра во салата „Паламазола“ во Таранто.
По воведниот дуел против Грција на 20 август, следуваат пресметките со Турција, Алжир и Косово во последното коло.
Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат пласман во полуфиналето.
Македонската репрезентација за Таранто патува на 18 август и по втор пат во историјата ќе настапи на Медитеранските игри

Македонски



