Skip to main content

Mакедонските одбојкари не очајуваат по поразот од Бугарија

 Македонската одбојкарска репрезентација по вчерашниот дуел и пораз од 0:3 од светскиот вицепрвак Бугарија на Европското првенство денеска има слободен ден пред утрешниот дуел со Украина. Нашиот противник денеска го игра првиот натпревар против Украина, а во првиот денешен дуел од групата Б што се игра во Софија, светскиот шампион Полска ја совлада Португалија со 3:0 во сетови.

–  Одигравме добар натпревар, од наша страна, а во одредени фази од дуелот имавме и добар резултат. Сепак имаше и моменти кога бевме немоќни особено кога браќата Николови беа на сервис. Но, тој натпревар е веќе зад нас. Ни следува Украина, една од ТОП 10 репрезентации, која има добри играчи и тие го имаат одличниот сервер Олег Плотински. Ние треба да ја играме нашата игра. Направена е анализа на противникот и не треба да се оптоваруваме со името на противникот. Наша цел е да се подготвиме за последните два дуела во групата, изјави селекторот на македонската репрезентација Јошко Миленкоски.

Натпреварот Македонија – Украина се игра утре со почеток во 15 часот, а до крајот на дуелите од групата македонските одбојкари играат против Полска во недела, во вторник играме против Португалија, а во среда противник Израел

Поврзани вести